Nour Mahd Ali Abu Aisha,Safiye Karabacak
10 Јуни 2021•Ажурирај: 11 Јуни 2021
ГАЗА
Деветгодишно момче го загуби својот живот откако експлодира муниција останата од израелските напади во блокираниот Појас Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од безбедносни извори, синоќа двајца Палестинци, меѓу кои и едно дете, се повредени кога експлодирал „сомнителен предмет“ што останал од израелските напади во регионот.
Се наведува дека деветгодишниот Убејде Дахдух, кој беше повреден во експлозијата, починал подоцна.
Телото на палестинското момче беше погребано на гробиштата „Исток“ по погребната молитва во Џамијата „Амр Бин Ас“ во областа Зејтун.
Нападите започнати на 10 мај од Израел врз опколениот Појас Газа, завршија на 21 мај, во согласност со примирјето постигнато со Хамас.
Во израелските напади врз Газа, 254 Палестинци, од кои 66 деца и 39 жени, го загубија животот, 1.948 беа повредени, а илјадници згради беа целосно уништени или станаа неупотребливи.