Ali Cura
10 Јуни 2021•Ажурирај: 10 Јуни 2021
МОСКВА
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Воената морнарица на Руската Федерација започнала воена вежба во Тихиот Океан, 4.000 километри од базата, каде е трајно сместена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека вежбата, во согласност со планот за подготовка на воените заповедни и контролни единици на Воената морнарица на Руската Федерација, се реализира во централниот дел на Тихиот Океан.
Морнарицата е распоредена во предвиденото подрачје, околу 4.000 километри од базата.
Во вежбата учествуваат 20 воени бродови, 20 беспилотни летала, разузнавачки авион од моделот Tu-142M3 и воени авиони Mиг-31БM.
Информации за тоа колку ќе трае вежбата не се објавени.
Руската воена морнарица е поморска компонента на Вооружените сили на Русија. Сегашната Руска морнарица е основана во јануари 1992 година, наследувајќи ја Морнарицата на Заедничките независни држави (ZND) кои настанаа од Советската воена морнарица според одлуката за распуштање на Советскиот Сојуз во декември 1991 година.
Првата Руска морнарица ја основа Петар Велики во ноември 1696 година.