Mücahithan Avcıoğlu
12 Февруари 2025•Ажурирај: 13 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Ердоган денес на неговиот индонезиски колега Прабово Субјанто му подари модел на турското домашно електрично возило Тогг, јавува Анадолу.
За време на официјалната посета на оваа земја во Југоисточна Азија, Ердоган му подари на Прабово електрично возило од турско домашно производство Тогг од моделот Т10Х во претседателската палата Богор во регионот на Западна Јава.
Двајцата лидери го разгледаа возилото надвор од палатата.
Индонезискиот претседател седна зад воланот и ја разгледа внатрешноста на електричното возило.
Индонезија е втората станица на турнејата на Ердоган во три земји во Азија оваа недела.
Претседателот најпрво ја посети Малезија и му подари сличен модел на електрично возило на малезискиот премиер Анвар Ибрахим.