Ahmed Asmar
12 Февруари 2025•Ажурирај: 12 Февруари 2025
АНКАРА (АА) - Јорданскиот премиер Џафар Хасан денес повтори дека неговата земја категорично отфрла каков било план за раселување или преселување на Палестинците од Појасот Газа, јавува Анадолу.
„Нема преселување, раселување и решенија на сметка на Јордан“, рече Хасан во Парламентот.
Тој нагласи дека решението за палестинската кауза „лежи во Палестина, која ќе опстане и покрај окупацијата и угнетувањето“.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го пречека јорданскиот крал Абдула во Белата куќа, при што изјави дека ќе го „преземе“ Појасот Газа под американска власт и ќе го обнови со хотели, деловни згради и друга инфраструктура.
„Кралот Абдула јасно истакна дека интересот на Јордан, стабилноста и заштитата на Јордан и Јорданците се над сѐ друго“, рече Хасан.