Merve Yıldızalp
19 Декември 2019•Ажурирај: 20 Декември 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган присуствуваше на сесијата под наслов „Улогата на развојот во стекнувањето на националниот суверенитет“ на тркалезната маса со тема „Приоритет на развојот и анализи“, која се одржува во Конференцискиот центар на Куала Лумпур во Малезија, јавува Агенција Анадолија (АА).
По говорот кој го одржа на сесијата, турскиот претседател одговараше на новинарски прашања.
На прашање за ситуацијата во Либија, Ердоган рече дека империјалистичките сили го поддржале државниот удар за генералот Калифа Хафтар, кој нема меѓународен легитимитет во Либија и дека не доаѓа поддршка до Фаиз ес-Серак, премиерот на Владата за национално единство (UMH).
Ердоган исто така рече дека Турција е на страната на Серак и дека дава поддршка колку што може.
Истакнувајќи дека слична ситуација има и во Сирија, Ердоган нагласи: „Во Сирија има терористички организации, терористички организации како што се ЈПГ/ПЈД. Тие сакаа да создадат терористички коридор на северот на Сирија. Зад овие организации исто така стојат империјалистички сили во светот и овие империјалисти ги поддржуваат, како што реков на отворањето на Самитот, пратија 32-33 илјади камиони муниција, оружје, опрема и возила. Покрај тоа, оружјето пристигна и со карго-летови. Оружјето на терористичките организации се испраќа без пари.“
„Во моментов 50 илјади луѓе од Идлиб доаѓаат кон нашата земја. Веќе имаме 4 милиони, сега доаѓаат уште 50 илјади луѓе“, изјави турскиот претседател.
Тој говореше и за состојбата со бегалците при што апелираше до целиот свет да помогне.
„Велиме на браќата бегалци да им изградиме домови во нивната земја. Покрај исламскиот свет, го повикувавме и целиот свет. Но, светот не сакаше да создаде безбедна зона за овие браќа бегалци. Америка го постави прашањето за безбедна зона, јас нејзе ѝ го предочив прашањето за безбедната зона", рече Ердоган и истакна:
„Кога зборуваме за изградба на безбедна зона, не дава никаква поддршка, но кога станува збор за оружје, оружјето доаѓа. Каде оди оружјето? Кај терористичките организации. Вели ’мора да се борите против тероризмот‘. Како ќе се бориме со терористите? Со зборови не се води борба со тероризмот, туку со дела. Затоа од зборување нема никаква корист. Во моментот на сите лидери, на премиери, на претседатели им ги дадовме нашите проекти, и им рековме ’дојдете заедно да градиме‘. Не дојдоа.“