Zehra Ulucak
03 Октомври 2018•Ажурирај: 04 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - На индонезискиот остров Сулавеси дојде до ерупција на вулканот Сопутан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата „Кјодо“ според информации добиени од Индонезискиот центар за вулканологија и намалување на катастрофи, објави вест во која се вели дека во 08:47 часот според локално време дошло до ерупција на вулканот Сопутан, кој е со висина од околу 1.800 метри.
Во веста се наведува дека пепелта и димот што биле исфрлани од вулканот достигнале до висина од 4 километри.
Засега нема информации дали ерупцијата предизвикала човечки жртви.
