Yusuf Hatip
29 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
БРИСЕЛ
Европската унија (ЕУ) донесе одлука за уште една година да го продолжи времетраењето на санкциите против режимот на Башар ал Асад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Европската Комисија соопшти дека донела одлука за продолжување до 1 јуни 2021 година на рестриктивните мерки спроведени против режимот на Асад и неговите поддржувачи во Сирија поради продолжување на нивните притисоци врз цивилното население.
Во соопштението се нагласува дека 273 лица се наоѓаат на листата на санкции на ЕУ поради учество во насилствата над населението во Сирија.
Против овие лица се спроведува забрана за патување. Исто така, на овие лица им се замрзнуваат имотите во ЕУ.
Во Сирија се наоѓаа 70 организации против кои ЕУ спроведува санкции, меѓу кои Централната банка на Сирија. Исто така, се замрзнуваат и имотите на овие организации.
Меѓу овие санкции на ЕУ се ограничување на инвестициите, спречување на увозот на техничка и технолошка опрема која може да се користи во извршување притисок врз народот, како и ембарго на нафта.