Kaamil Ahmed
20 Септември 2016•Ажурирај: 21 Септември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили денес убија палестински тинејџер на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Војската на Израел се огласи преку соопштение во кое тврди дека убиеното момче, наводно, со нож се обидело да нападне војник на контролен пункт во населеното место Бани Наим, во градот Хеброн.
Палестинското министерство за здравство го идентификуваше тинејџерот како 16-годишниот Иса Турајреха.
Од октомври минатата година, израелските сили за безбедност убиле над 200 Палестинци. Во текот на истиот период, смртно настрадале 35 Израелци.