Erbil Başay
21 Февруари 2017•Ажурирај: 21 Февруари 2017
БЕРЛИН (АА) - Германија во наредните седум години ќе го зголеми бројот на војници во армијата од сегашните 178 илјади на 198 илјади поради поголемите потреби на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Германија се вели дека на денешниот состанок е истакната потребата од поголем број германски војници, кои ќе бидат распоредени на воени и цивилни задачи.
Покрај тоа, планирано е бројот на војниците во цивилната служба да се зголеми на 61.400.
Министерот за одбрана, Урсула фон дер Лајен нагласи дека потребите на германската војска се зголемија, поради што во армијата ќе бидат примени нови квалификувани кадри.