Gözde Bayar
22 Март 2022•Ажурирај: 22 Март 2022
КИЕВ - Украина не може да го исполни ултиматумот на Москва, бидејќи тоа би било можно само доколку украинскиот народ би бил уништен, изјави вчера претседателот на Уркаина Владимир Зеленски, известува Агенција Анадолија (АА).
„Украина не може да попушти пред рускиот ултиматум. Единствен начин тоа да се оствари е сите да нѐ уништат“, нагласи Зеленски во интервју за украинскиот јавен сервис „Suspilne“ и додаде:
„Не можеме да се откажеме од Харков, Мариупол, Киев. Ниту граѓаните на Харков, Мариупол, Киев, а ниту јас како претседател, не можеме да го сториме тоа.“
Зеленски, исто така, истакна дека конечната одлука за резултатот од мировните преговори со Русија може да се донесе само на „сеукраински референдум“.
„Одлуката се однесува на безбедносните гаранции и привремено окупирање на територии, вклучувајќи прашања за безбедносните гаранции за Киев и статусот на Донбас и Крим“, рече Зеленски.
Според проценките на Обединетите нации, најмалку 925 цивили се убиени, а околу 1.500 се повредени во Украина откако Русија на 24. февруари го нападна својот западен сосед.