Ruslan Rehimov
29 Март 2022•Ажурирај: 29 Март 2022
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека санкциите против Русија треба да бидат построги, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Дококу санкциите останат слаби или недоволни, руската администрација паѓа во опасната илузија дека може да направи повеќе отколку што прави сега, а илјадници Украинци плаќаат со своите животи“, рече Зеленски.
Во своето обраќање до нацијата потсети дека градот Ирпин е ослободен и им се заблагодари на оние кои учествуваа во ослободувањето на градот.
Наведувајќи дека Руската армија продолжува да се повлекува од регионот на Киев, Зеленски рече: „Ослободените области сè уште не се безбедни. Судирите продолжуваат. Руската армија сè уште го држи северниот дел на покраината и има ресурси и работна сила за тоа. Тие, исто така, се обидуваат да го вратат борбениот капацитет на изгубените единици.“
Истакна дека нема да прифатат пасивни санкции против Русија.
„Пакетот превентивни санкции не е имплементиран и започна војна од целосен обем. За нас е важно пакетите санкции да бидат ефикасни и доволно сериозни. Доколку санкциите се слаби или недоволни, руската администрација паѓа во опасната илузија дека можат да направат повеќе отколку сега, а илјадници Украинци ќе платат со своите животи“, изјави Зеленски.