Davit Kachkachishvili
03 Јануари 2023•Ажурирај: 04 Јануари 2023
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски истакна дека прават сè за да постигнат победа во 2023 година во војната против Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски го истакна ова преку писмено соопштение објавено на Телеграм.
Тој нагласи дека се состанал со одбранбени и безбедносни службеници со цел да разговараат за случувањата во врска со војната и за последната состојба на фронтот.
„Правиме сè за 2023 да биде година на победата“, нагласи Зеленски.