07 Септември 2022•Ажурирај: 08 Септември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Советот за заливска соработка побара глобалната стриминг платформа „Нетфликс“ да ја отстрани содржината навредлива за „исламските и општествените вредности и принципи“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението, Генералната комисија за аудиовизуелни медиуми истакна дека содржината „ги прекрши медиумските регулативи на Советот за заливска соработка и исламските и општествените принципи и вредности“.
Се наведува дека содржината е наменета за деца, без да се наведат дополнителни детали.
Комисијата се закани дека ќе ги преземе сите неопходни законски мерки доколку „Нетфликс“ одбие да ги тргне таквите содржини.
Нема коментар од стриминг платформата во врска со реакцијата.
Групацијата на Советот за заливска соработка ги вклучува Саудиска Арабија, Кувајт, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Оман и Бахреин.
Во последните недели се појавија наводи дека „Нетфликс“ планира да ја промовира хомосексуалноста во содржините наменети за деца.