Övünç Kutlu
21 Јуни 2018•Ажурирај: 22 Јуни 2018
ЊУЈОРК (АА) - Популарната социјална мрежа „Facebook“ (Фејсбук) и компанијата за видеостриминг „Netflix“ (Нетфликс) остварија рекордна вредност на акциите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на техолошкиот индекс Насдак, вредноста на акциите на социјалната мрежа Фејсбук е зголемена на 203,54 долари, што е рекордна вредност на акциите од основањето на оваа компанија. Вкупната вредност на компанијата Фејсбук се проценува на 587 милијарди долари.
Компанијата за видеостриминг Нетфликс забележа вредност по акција од 419,38 долари, што е исто така рекордна вредност на оваа компанија. Вкупната вредност на Нетфликс е 175 милијарди долари.
Јакнењето на вредноста на акциите на Фејсбук и Нетфликс позитивно се одрази на Насдак индексот, кој значително зајакна, и забележа рекордни 7.781,51 бодови.