Mahmut Atanur
26 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
ЏАКАРТА (АА) - Индонезиската провинција Малуку ја потресе земјотрес со интензитет од 5,2 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Индонезискиот Институт за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) информираше дека епицентарот на потресот бил 88 километри југозападно од подрачјето Источен Серам во провинцијата Малуку, на длабочина од 99 километри.
Засега не се споделени информации за евентуални жртви или повредени, ниту е издадено предупредување за цунами.
На 28 септември 2018 година, во заливот Палу на индонезискиот остров Сулавеси, се случи земјотрес со интензитет од 7,5 степени, по кој следуваше цунами. Во оваа природна несреќа животот го загубија 4.340 лица.