Mahmut Atanur
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди индонезиската покраина Северен Сулавеси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија.
Во соопштението се вели дека епицентарот на земјотресот бил во отворени води, 105 километри југозападно од подрачјето на Јужен Боланг Монгондоу.
Се истакнува дека земјотресот со јачина од 5,5 степени се случил на длабочина од 29 километри.
Во соопштението се наведува дека земјотресот бил почувствуван и во подрачјето на Горонтало, Битунг, Минахаса, Талиабу, Котамобагу и Болмонг во оваа покраина.
Според првичните сознанија, нема жртви или повредени во земјотресот, а по земјотресот не е издаден аларм за цунами.