Muhammed Emin Canik
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) – Респираторите од турско производство пристигнаа во бразилската држава Саo Пауло, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за индустрија и технологија на Турција, Мустафа Варанк, на својот профил на Твитер ги сподели снимките од пристигањето на 650-те респиратори, што беа продадени на Бразил.
„Во камионите на видеото има технолошка опрема од домашно производство. Во камионот се наоѓаат респиратори од домашно производство за одделите за интензивна нега. Таму се наоѓаат човечки вредности кои ги штитиме под лидерство на нашиот претседател, почитуваниот Реџеп Таип Ердоган“, напиша турскиот министер Варанк на Твитер.
Медиумите во Бразил јавија дека 650 од 1.500 респиратори нарачани од Турција пристигнале во Бразил и дека од недела ќе бидат дистрибуирани во болниците во регионот.
Со население од над 210 милиони, Бразил се издвојува како земја каде што се забележуваат најмногу случаи на Ковид-19 по Соединетите Американски Држави (САД).
Во земјата што стана епицентар на епидемијата во Латинска Америка, досега од Ковид-19 починаа 35.930 лица, додека вирусот е регистриран кај 672.846 лица.