Sinan Doğan
16 Април 2020•Ажурирај: 17 Април 2020
АНКАРА
Земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди средно американската земја Хондурас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Центарот за геолошки истражувања на САД, епицентарот на земјотресот бил на 62 киломери североисточно од островот Гуанаја кој се наоѓа во североисточниот дел на Хондурас.
Се истакнува дека земјторесот со јачина од 6,3 степени се случи на длабочина од 10 километри.
Во соопштението се нагласува дека земјотресот бил почувствуван во средноамериканските земји како и на мексиканскиот остров Јукатан.
Според ова соопштение, нема жртви или материјална штета во овој земјотрес.