Mahmut Atanur
17 Ноември 2020•Ажурирај: 18 Ноември 2020
ЏАКАРТА
Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди индонезиската покраина Западна Суматра, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Институтот за метеорологија, клима и геофизика на оваа земја.
Се истакнува дека епицентарот на земјотресот бил на отворени води, 109 километри кај подрачјето на Тупејат кое се наоѓа на островите Ментаваи при покраината Западна Суматра.
Во соопштението се вели дека земјотресот со јачина од 6,3 степени се случил на длабочина од 10 километри.
Не се споделени информации дали има жртви или материјална штета во земјотресот.
По овој земјотрес не е даден аларм за цунами.