Gamze Türkoğlu Oğuz
01 Април 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
ВАШИНГТОН
Земјотрес со јачина од 6,5 степени ја погоди американската сојузна држава Ајдахо, јавува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот Центар за геолошки истражувања соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во планинското подрачје североисточно од Бојси, на длабочина од десет километри.
Земјотресот е почувствуван и во соседните шест сојузни држави.
Локалните официјални претставници наведуваат дека земјотресот траел 30 секунди и дека немало настрадани лица.