Gamze Türkoğlu Oğuz,Canberk Yüksel
25 Април 2017•Ажурирај: 25 Април 2017
ЊУЈОРК (АА) - Земјотрес со јачина од 6,9 степени ја погоди јужноамериканската држава Чиле, јавува Anadolu Agency (AA).
Центарот за геолошки истражувања на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека е регистриран земјотрес со интензитет од 6,9 степени, чиј епицентар бил на отворено море, 39 километри од крајбрежниот град Валпараисо, на длабочина од 25 километри.
Земјотресот е почувствуван и во Сантијаго, главниот град на Чиле, кој е оддалечен 102 километри од Валпараисо. Надлежните дале наредба за евакуација поради можноста од цунами, но за кусо време наредбата е укината.
Во земјотресот нема жртви и не е причинета материјална штета, а по главниот земјотрес, имало уште најмалку два последователни земјотреса од 5 степени.
Најмалку 500 лица го загубија животот во земјотресот со интензитет од 8,8 степени кој во 2010 година го погоди Чиле.