Servet Günerigök
02 Февруари 2016•Ажурирај: 03 Февруари 2016
САНТИЈАГО (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред аудиториумот во Чиле кажа дека терористичката група ДАЕШ, што во 2014 година прогласи таканаречен Исламски калифат во Ирак и Сирија, нема „ништо заедничко со исламот”, јавува Anadolu Agency (AA).
„Како прво, исламот не го дозволува тероризмот; второ, исламот и теророт не може да бидат споменати во заеднички контекст. Трето, ДАЕШ е терористичка организација и нема ништо заедничко со исламот”, рече Ердоган во текот на своето обраќање пред Економската комисија на ОН за Латинска Америка и Карибите во Сантијаго, Чиле.
Ердоган рече дека оние кои го поврзуваат исламот со тероризмот им даваат поддршка и ги охрабруваат терористичките организации.
„ДАЕШ му штети на исламот со она што го прави”, рече Ердоган, предупредувајќи дека пристапот на поврзување на теророт со одредена религија или етничка група ја поттикнува ксенофобијата и расизмот, кои ги опиша како „срам за човештвото”.
- Бегалска криза -
Претседателот се осврна и на хуманитарната криза во Сирија.
„Иако бегалската криза изгледа како регионално прашање, всушност, таа е глобално прашање. Европските земји, до вчера ги гледаа случувањата отстрана, денес длабоко ја искусуваат бегалската криза во своите држави”, рече Ердоган.
„Сега, говорат ,Не може да дојдат кај нас'. Па, што да рече Турција, каде што се згрижени 2,5 милиони бегалци?”, праша Ердоган.
„Но, Турција не се грижи дали добива помош или не. Не ги затвори вратите пред никого. Кој и да дојде, Турција не гледа на неговата раса, религија или јазик туку ги отвора своите врати”, додаде Ердоган.
Тој кажа дека Турција има потрошено над 9 милијарди долари за бегалците а од меѓународната заедница има добиено само 420 милиони долари.
Чилеанскиот министер за надворешни работи, Хералдо Муноз, ја пофали Турција за нејзините напори при згрижувањето на милионите бегалци.
„Зборувам, не само во името на Чиле, туку и во името на цела Латинска Америка. Со восхитување сме сведоци на поддршката што Турција им ја дава на бегалците”, изјави Муноз.