Fuat Kabakçı
18 Ноември 2017•Ажурирај: 18 Ноември 2017
ПЕКИНГ (AA) - Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер ја потресе автономната област Тибет, јавува Anadolu Agency (AA).
Од кинескиот сеизмолошки центар истакнаа дека епицентарот на земјотресот е забележан на подрачјето на Нингчи. По земјотресот со јачина од 6,9 степени забележани се уште две потресувања на тлото со јачина од четири и од пет степени.
Сеуште нема информации за човечки жртви или повредени лица во земјотресот кој е забележан на длабочина од десет километри.