Zuhal Demirci
17 Ноември 2017•Ажурирај: 18 Ноември 2017
АНКАРА (AA) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по втор пат упати извинување на Турција поради вчерашните случувања на вежбата „Тридент Јавелин" во Норвешка, јавува Anadolu agency (AA).
Столтенберг во текот на состанокот на Халифакс меѓународниот безбедносен форум во Канада на началникот на Генералштабот на турската војска Хулуси Акар му упати „отворено извинување."
На барање на генералниот секретар на НАТО на маргините на форумот е одржан состанок на двајцата челници, во текот на кој Столтенберг по втор пат упатил изивнување на Турција поради случувањата на НАТО вежбата во Норвешка.
Побара од генералот Акар извинувањето да му го пренесе на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Началникот на Генералштабот на турската војска во текот на состанокот истакна дека нема да биде доволно само две лица кои го предизвикале скандалот да бидат разрешени од должност.
Нагласи дека во војската постои одредена хиреархија, додавајќи дека и одговорните команданти мораат да бидат казнети.
Столтенберг истакна дека норвешките функционери веќе покренале истрага во врска со овој случај, напоменувајќи дека не сака овој случај да му наштети на единството на НАТО.
Турција изрази и негодување поради пружање на помош на групите во Сирија и Ирак, а кои Турција ги смета за терористички организации, напоменувајќи дека е неприфатливо сојузниците да постапуваат на овој начин.
Од НАТО порачаа дека ваквите постапки можат да нанесат штета на единството на Алијансата, додавајќи дека таквите сценарија не смеат да се случуваат.