Ahmet Furkan Mercan
11 Септември 2022•Ажурирај: 12 Септември 2022
ЊУЈОРК
Најмалку 5 лица загинаа од последиците на земјотресот кој синоќа ја потресе Папуа Нова Гвинеја, известува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот Центар за геолошки истражувања (USGS) соопшти дека земјотрес со јачина од 7,6 степени по Рихтер е забележан на длабочина од 90 километри, во подрачјето на Каинанту, во североисточниот дел на земјата.
Потресот предизвика поголема штета во градовите на северниот дел на Папуа Нова Гвинеја.
Локалната парламентарка Кеси Саванг соопшти дека загинале најмалку 2 лица, а уште четири се во критична состојба и со хеликоптери се префрлени во болница.
Во градот Вау, локална компанија објави дека тројца нејзини рудари се живи закопани во урнатините.
Американската геолошка агенција претходно објави предупредување од можно цунами, но подоцна го отповика предупредувањето.