Ebu Bekir Aşkın
04 Мај 2022•Ажурирај: 05 Мај 2022
ТРИПОЛИ (АА) - По затворањето на важните нафтени полиња и пристаништа во Либија, тамошните власти објавија дека извозот на нафта од земјата паднал на најниско ниво во последните 18 месеци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според „Блумберг“ (Bloomberg), Либија во март извезла 979 илјади барели нафта дневно и во април 819 илјади барели нафта дневно. Значителен дел од извозот на нафта отиде во Италија, Шпанија и Кина.
Последните податоци покажуваат дека е остварен најнискиот извоз од октомври 2020 година.
Либиската Национална нафтена корпорација (НОК) на 17 и 18 април објави дека производството и извозот ќе престанат на нафтените полиња Ел Фел и Шарара на југ и во пристаништата Зејтун и Брега на исток.
НОК тогаш, на 1 мај, објави дека одлуката за прекин на производството и извозот во пристаништето Зејтун е укината за да се спречи можна еколошка катастрофа.
Шарара, која има дневен капацитет за производство од 300.000 барели сурова нафта, е позната како најголемото нафтено поле во Либија. Исто така, на нафтеното поле Ел-Фел дневно се произведуваат околу 125.000 барели нафта.