Ata Ufuk Şeker
04 Мај 2022•Ажурирај: 06 Мај 2022
БРИСЕЛ (АА) - Бројот на бегалци на кои им е доделен статус на заштита од земјите членки на Европската Унија (ЕУ) во 2021 година достигна 267.360, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Европската статистичка служба (Евростат), бројот на лица со статус на заштита минатата година е намален за 5 отсто во однос на претходната година.
Бројот на лица кои добиле статус на заштита, во 2020 година изнесуваше 281.055, додека минатата година таа бројка е намалена на 267.360.
Половина од заштитените добија статус на имигранти, 30 отсто добија секундарна заштита и околу 20 отсто хуманитарна заштита.
Германија обезбеди најголема заштита за бегалците. Од земјите на ЕУ, 33 отсто од статусот на заштита додели Германија, 17 отсто Франција, 12 отсто Италија и 8 отсто Шпанија.
Најголема корист од можноста за заштита во земјите на ЕУ добија Сиријците. Тие, со бројката од 69.140 сочинуваат 26 отсто од вкупниот број. Потоа следуваат Авганистанците со 53.605 бегалци.
Минатата година 23.255 деца без придружба поднеле барање за азил во земјите на ЕУ.
Во 2020 година вкупно 13.550 лица помлади од 18 години поднеле барање за азил во земјите на ЕУ. Овој број е зголемен за 72 отсто во 2021 година.
Децата без придружба во европските земји најмногу дојдоа од Авганистан (53 проценти), Сирија (16 проценти) и од Бангладеш (6 проценти). Повеќето од овие деца побарале азил во Австрија и Германија.