Sena Güler
26 Декември 2020•Ажурирај: 29 Декември 2020
ГАЗА (АА) - Израелски воени авиони извршија воздушни напади во блокираниот Појас Газа, соопштија локални извори рано утринава, јавува Агенција Анадолија (АА).
Извори во Газа соопштија дека военото воздухопловство повеќепати ги погодило регионите кои припаѓаат на палестинските групи.
Израелската Армија преку Твитер соопшти дека цел на нападите биле позиции на Хамас во Газа.
Нападите се случија откако Израел вчера соопшти дека две ракети лансирани од Газа биле пресретнати од системот за противвоздушна одбрана „Железна купола“.
Властите во Газа сè уште не издадоа соопштение за воздушните напади.