Ahmed Asmar
09 Мај 2025•Ажурирај: 10 Мај 2025
АНКАРА (АА) - Израелската војска денес соопшти дека пресретнала ракета истрелана од Јемен преку своите системи за противвоздушна одбрана, пренесува Анадолу.
Израелските медиуми, меѓу кои и порталот за вести „Тајмс оф Израел“, објавија дека сирени за воздушен напад биле активирани во неколку области низ Централен Израел, каде што луѓето на мобилните телефони добиле пораки за рано предупредување за ракетен напад.
Се додава дека летовите и функционирањето на аеродромот „Бен Гурион“, главниот аеродром во Израел, биле запрени во времето на ракетното лансирање и продолжиле подоцна.
Според соопштението на војската, нема извештаи за повредени или предизвикана штета од ракетниот напад.
Јеменските Хуси, кои истрелаа неколку ракети и беспилотни летала кон Израел последните неколку недели, сè уште не излегоа со коментар за нападот.
Според израелските медиуми, Хусите лансирале 28 балистички ракети и десетици беспилотни летала кон Израел од 18 март, кога Израел ја продолжи својата геноцидна војна во Газа.