Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout
01 Септември 2021•Ажурирај: 02 Септември 2021
КУДС (АА) - Израел денес одлучи да ги отстрани ограничувањата што ги воведе за Појасот Газа во мај по воената офанзива на блокираниот крајбрежен појас, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Израелската армија се вели дека исто така ќе се зголеми просторот на рибарската зона во Газа од 12 наутички милји на 15 и целосно ќе биде отворен преминот „Карм Абу Салем“, единствениот комерцијален и трговски пат на Газа.
Израелската армија, исто така, одлучи да ја зголеми количината на вода за пиење за Газа за дополнителни 5 милиони кубни метри.
Во соопштението се наведува дека дозволите за излез за бизнисмените од Газа преку преминот „Ерез“, под контрола на Израел, ќе бидат зголемени за дополнителни 5.000 и ќе достигнат вкупно 7.000.
Израелската армија рече дека одржувањето на овие чекори е условено со безбедноста и стабилноста.
За време на израелските напади врз Газа во мај, Израел воведе строги ограничувања за увоз на стоки во Газа, особено градежни материјали, предизвикувајќи дополнителна економска криза во блокираната Газа.
Додека Израел инсистира на ослободување на своите војници кои се водат за исчезнати во замена за реконструкција на Газа, групата Хамас, која владее во Газа од 2007 година, вели дека прашањето за војниците е поврзано со размена на затвореници.