Oktaj Omeragikj
24 Јануари 2025•Ажурирај: 24 Јануари 2025
ХЕБРОН (АА) - Израелската Армија ги заостри процедурите на контролните пунктови на Западниот Брег, известува Анадолу.
Израелските сили го зголемија бројот на контролните пунктови во градот Хеброн и со железни бариери затворија многу области, што значително ја ограничи слободата на движење на Палестинците.
- Акции на израелската војска на окупираниот Западен Брег
Израелската Армија во вторникот започна воена операција во бегалскиот камп Џенин поради зголемените тензии на окупираниот Западен Брег.
Според локалните здравствени власти, во нападот се убиени најмалку 12 Палестинци, а 40 други се повредени.
Израелската Армија соопшти дека операцијата во Џенин, со кодно име „Железниот ѕид“, се очекува да трае неколку дена.