Qais Omar Darwesh Omar,Hamdi Yıldız
15 Мај 2023•Ажурирај: 16 Мај 2023
НАБЛУС (АА) - Израелската Армија уби еден Палестинец, а рани уште еден на окупираниот Западен Брег, известува Анадолу.
Според соопштението што го објави палестинската Црвена полумесечина, еден палестински државјанин загинал, а друг е ранет од истрелите на израелската Армија, која пукала во воен камп, сместен источно од градот Наблус.
Очевидците за АА изјавија дека израелската Армија извршила рација во воен камп, на што реагирале десетици Палестинци.
Израелската Армија со месеци спроведува интензивни рации во градовите Наблус и Џенин на Западниот Брег, под изговор дека бара лица по кои се трага. Повеќето од овие рации предизвикуваат отпор од страна на Палестинците во овие градови, при што доаѓа до меѓусебни вооружени судири со израелската Армија.