Ekipa
15 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција го ослободи муфтијата од Ерусалим, Мухамед Хусеин, јавува Anadolu Agency (AA).
Според палестинската новинска агенција Вафа, израелската полиција го ослободи муфтијата од Ерусалим кој претходно беше уапсен.
Неговиот син Омер за АА потврди дека израелската полиција го уапсила муфтијата на Ерусалим, кога стигнал до вратата на Ел-Есбат во Ал Aкса, каде што Палестинците се собраа за петочната молитва.
„Израелската полиција го уапси муфтијата со употреба на сила и го однесе на непознато место“, изјави Омар Хусеин.
Припадници на израелската полиција вчера убија тројца Палестинци за кои тврдат дека се обиделе да извршат вооружен напад во Ал-Акса во Ерусалим.
Ѕидовите на Стариот град се наоѓаат внатре, во комплексот на Ал-Акса, а Палестинците петочната молитва ј аизвршија на улица, надвор од комплексот.
Израелската Давидова Црвена ѕвезда соопшти дека ранети се тројца Израелци, меѓу кои двајца потешко. Според последните информации, како резултат на повредите починале двајца таизраелски полицајци.
Покрај тоа, блокиран е влезот во делот од градот каде што се наоѓа џамијата Ал-Акса. На влезовите во градот има голем број израелски полицајци, а над градот кружи хеликоптер.