Mehmet Nuri Uçar
08 Јуни 2021•Ажурирај: 09 Јуни 2021
КУДС (АА) - Израелската полиција во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим) приведе млад Палестинец, кој овошниот сок што го подготви за да го дистрибуира бесплатно го нарече „Интифадата на Кудс“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена на веб-страницата на израелскиот весник „Једиот Ахронот“ (Yediot Aharonot), израелската полиција извршила рација во бифе што продавало свежо исцедени сокови во градот Џебел ал-Мукебир на југот на Источен Ерусалим.
Полицијата го приведе 27-годишниот Палестинец, сопственик на бифето.
Приведениот Палестинец го нарекол „Интифадата на Кудс“ еден од овошните сокови што ги подготвил, како одговор на израелските напади врз Палестинците во Кудс, Месџид-и Акса и жителите во населбата Шеик Џарах.
Младиот Палестинец на социјалните мрежи е познат по неговата бесплатна дистрибуција на овошни сокови за Палестинците што се собрале пред портата Баб ел-Амуд во окупираниот стар дел на Источен Кудс.