Mustafa Deveci
09 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
НАБЛУС (AA) - Израелските војници застрелаа палестинско дете во окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на општината Тал во градот Наблус, Мунтар Зидан, во изјава за АА истакна дека израелските војници извршиле рација во таа општина, и додаде дека настанала тензија меѓу жителите и војниците откако израелските војници ги спречиле учениците да излезат од училиште.
Зидан информираше дека израелските војници отвориле оган, при што со вистински куршум е погоден 15-годишниот Басел ал-Хинди. Тој нагласи дека 15-годишното дете им подлегнало да повредите во болница.
Во 39 мали и големи еврејски населени места, кои се наоѓаат во околината на Наблус, живеат околу 40.000 лица.
Израелските војници одвреме навреме вршат рации врз палестинските населени места во тоа подрачје.
Израелските војници не се колебаат во користењето вистински куршуми врз Палестинците кои реагираат против спроведувањето на рациите во нивните села.