Usame el-Gassani,Zeynep Tüfekçi
20 Август 2018•Ажурирај: 21 Август 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Бројот на војниците во израелската војска кои добиле психолошки третман во последните 10 години се зголеми за 40 отсто, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на израелскиот весник „Хаарец“ (Haaretz), врз основа на извештајот објавен во едно воено списание од страна на Леа Шлаф, претседател на Одделот за психијатрија при израелските Воздухопловни сили, војниците кои минатата година побарале психолошка поддршка поради нарушено психолошко здравје добиле психолошка поддршка на вкупно 47.000 сеанси.
Шлаф во извештајот нагласи дека војниците добиле 2.500 повеќе психолошки сеанси во споредба со 2013 година, и дека бројот на војниците во израелските војска кои добиле психолошки третман, во последните 10 години, се зголемил за 40 отсто. Според Шлаф, порастот на бројот на сеанси може да го намали перформансот на терапевтите во лекување на војниците.
Во извештајот се нагласува дека причината на зголемување на барањата во војската за психолошка поддршка е поврзана со тешките социо-економски услови со кои се соочуваат поголемиот дел на израелските граѓани, и со падот на мотивацијата за вршење на воената служба во земјата.
Според оваа вест, некои претставици во израелската војска велат дека друга причина што ги тера војниците да бараат психолошка поддршка е нивната задача во тимовите за специјални операции.
Се вели дека израелската војска препорачала итна поддршка за војниците чие психолошко здравје е нарушено, со цел да не се влошуваат состојбите и да се спречат случаите на самоубиство.
Се истакнува дека секој шести машки војник и секоја петнаесетта жена војник бараат рано ослободување од војската поради психолошки проблеми.