Eshat Fırat
21 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници на неколку места во Источен Ерусалим и Западниот брег уапси најмалку 13 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Од израелската армија соопштија дека припадници на израелските безбедносни сили извршиле упади во палестински домoви во Рамала, Витлеем, Хеброн и Абу Дис, кои се дел од Источен Ерусалим.
Во соопштението се наведува дека во текот на упадот десет лица се уапсени поради учество во терористички активности против израелски цивили и војници.
Покрај тоа, во Рамала уапсени се неколку активисти на Народниот фронт за ослободување на Палестина, но нивниот број не е точно утврден.
Од друга страна, очевидци за АА изјавија дека израелските војници во Шуафат, во Источен Ерусалим уапсиле тројца Палестинци.
Израелските сили често вршат упади во палестинските домови на Западниот Брег и во Источен Ерусалим.