Mustafa Deveci
29 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
ЕРУСАЛИМ
Израелските сили го повредија Палестинецот Сарие Џерадат, фоторепортер соработник на Агенција Анадолија (АА), кој го следеше протестот што се одржува против уривањата во окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во местото Јата, во градот Хеброн, израелските сили урнаа палестинска куќа и два магацини со образложение дека немаат „дозвола“.
Жителите од областа реагираа на уривањето. Израелски сили се обидоа со употреба на пластични куршуми и солзавец да ја растераат групата што протестираше против уривањето.
За време на интервенцијата, израелските сили со пластичен куршум го повредија Џерадат, фоторепортер соработник на Агенција Анадолија (АА). Прва помош му беше дадена од страна на медицинските тимови во регионот.
Според палестински извори, само минатата година израелските власти урнаа повеќе од 500 домови и деловни објекти на Палестинците во окупираните Источен Ерусалим и Западниот Брег.
Во рамките на Вториот договор од Осло, кој администрациите на Палестина и Израел го потпишаа во 1995 година, Западниот Брег е поделен на зони, А, Б и Ц.
Речиси e невозможно Палестинците да добијат дозвола за изградба или проширување во поголемиот дел од зоната Ц, со образложение дека таа зона е под контрола на израелската администрација.