Esat Fırat
10 Јануари 2022•Ажурирај: 12 Јануари 2022
АЛ-КУДС
Израелските сили притворија 17 Палестинци на окупираниот Западен брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Израелските сили извршија рации во различни делови на Западниот брег, објавија палестинските медиуми.
За време на рациите на Западниот брег приведени се вкупно 17 лица, меѓу кои поголемиот дел во градовите Витлеем и Јенин.
Израелските сили, кои често вршат рации во домовите на окупираниот Западен брег и источен Ал-Кудс (Ерусалим), ги притвораат Палестинците по различни основи.
Некои од Палестинците, вклучувајќи жени и деца, се држат во притворните центри со денови по приведувањата кои станаа вообичаена пракса на Западниот брег и источен Ал-Кудс.