Qais Omar Darwesh Omar
30 Април 2021•Ажурирај: 02 Мај 2021
ВИТЛЕЕМ (АА) - Израелските сили денес пукаа во Палестинец во близина на градот Витлеем на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Очевидци за АА раскажаа дека во мажот пукале израелските војници на контролниот пункт Ал-Нашаш, јужно од Витлеем.
Здравствената состојба на жртвата и понатаму е непозната.
Според наводите на сведоците, контролниот пункт е затворен по пукотницата.