Ömer Faruk Yıldız
30 Април 2021•Ажурирај: 01 Мај 2021
КУАЛА ЛУМПУР
Поројните врнежи од дожд во Индонезија предизвикаа поплави од кои настана свлечиште во провинцијата Северна Суматра. Во несреќата животот го загубија 3 лица, а 9 се водат за исчезнати, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Дирекцијата на Националната агенција за катастрофи во Индонезија се вели дека во подрачјето на градот Маранџар каде што се наоѓа Централата за електрична енергија, вчера настанало свлечиште. Под наносот на земја се наоѓаат 12 лица, а спасувачките екипи ги пронашле безживотните тела на 3 лица.
Во тек се операции за пронаоѓање на преостанатите 9 исчезнати лица кои се наоѓаат под свлечиштето.
Поројните врнежи од дожд вчера предизвикаа свлечиште во подрачјето на една електрична централа, сместена во околината на Маранџар.
Во соопштението се наведува дека свлечиштето што се случи во 18:00 часот по локално време, дошло од рид на висина од 50 метри.