Awad Rjoob,Muhammed Semiz
22 Април 2023•Ажурирај: 23 Април 2023
РАМАЛА (АА) - Израелските сили ранија палестинско дете во окупираниот Западен Брег, известува Анадолу.
Израелските сили пукаа кон 12-годишно палестинско момче во местото Ал Арака, западно од градот Џенин, објави палестинската државна телевизија.
Во веста се наведува дека палестинското момче се здобило со средно тешки повреди во пределот на грбот.
Од почетокот на 2023 година израелската војска ги засили рациите и приведувањата во различни делови на окупираниот Западен Брег.
Војниците често користат боева муниција, како и гумени куршуми против Палестинците. Исто така, постојат и повремени судири меѓу израелските војници и палестинските групи кои се бунат на рациите, особено во подрачјата како што се Џенин и Наблус, на северот од Западниот Брег.