Ekip
28 Октомври 2022•Ажурирај: 29 Октомври 2022
НАБЛУС (АА) - Израелските сили денеска убија двајца Палестинци и ранија уште двајца во северниот дел на Западниот Брег, известува Агенција Анадолија (АА).
„Израелските сили убија двајца Палестинци на контролниот пункт Хувара во близина на Наблус, додека уште двајца се ранети“, објави официјалната палестинска телевизија.
Во веста се наведува дека жртвите се Рамзи Зубахар и Имад Абу Рашид, пионери на цивилната одбрана во националната, организациската и општествена акција, од кампот „Аскар“, источно од Наблус.
Очевидците за АА изјавија дека денеска во раните утрински часови израелската војска пукала врз палестинско возило во близина на воениот пункт Хувара, јужно од Наблус.
Израелската војска објави дека од „автомобилот е пукано кон воената локација во близина на градот Наблус“.
„Силите на израелската војска кои спроведуваа активности во тоа подрачје воочиле две сомнителни возила и пукале кон возилата“, се додава во соопштението.
Од почетокот на 2022 година досега, во подрачјето на Западниот Брег забележителна е ескалацијата и забрзаното темпо на израелските сили.