Ahmet Furkan Mercan
28 Октомври 2022•Ажурирај: 03 Ноември 2022
ТОКИО (АА) - Јапонија планира да купи крстосувачки ракети од Соединетите Американски Држави (САД) со цел зголемување на одбранбените капацитети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јапонската Влада бара решение за зголеменото воено влијание на Кина во регионот и заканувачките ракетни тестови од страна на Северна Кореја.
Според веста на Јапонската државна телевизија НХК (NHK), јапонската Влада планира да купи ракети „Томахавк“ од американско производство.
Владата на Јапонија има за цел да постигне капацитет за уништување на непријателските ракети во своите територии со ракети со среден дострел и ракети „Томахавк“ лансирани од море.
По купувањето, се планира проектилите да бидат монтирани на бродови разурнувачи кои ќе бидат модифицирани во рамки на Јапонските поморски сили за самоодбрана.
НХК објави дека Јапонија има за цел до 2026 година да ги стави во употреба своите национални стендоф ракети, кои сѐ уште се во процес на развој.
Како што се истакнува, купувањето на ракетите „Томахавк“ ќе го зголеми превентивниот капацитет во оваа фаза против регионалните закани кои може да бидат предизвикани од Кина и Северна Кореја.