Ekipa
10 Август 2019•Ажурирај: 11 Август 2019
МОСКВА
Илјадници граѓани излегоа денеска на улиците на Москва, изразувајќи го на тој начин незадоволството што власта дисквалификуваше бројни кандидати на опозицијата од учеството на локалните избори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Градските власти ги санкционираа протестите, за разлика од претходните два протеста во кои беа приведени илјадници луѓе. На протестите е забележана и употреба на сила.
Некои опозициски политичари повикаа на марш, иако тој не е одобрен. Полицијата минатата сабота приведе стотина лица, меѓу кои беше и лидерката на руската опозиција, Љубов Собољ.
Таа била во такси и се движела кон собирот кога полицајци ја втурнале во црното комбе кое бргу се оддалечило.