Elena Trenchevska Chekovikj
16 Јули 2025•Ажурирај: 17 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) - Вулканот Марапи во Индонезија повторно се активираше, што ги натера властите да издадат повторни предупредувања до околните жители и туристи, јавува Анадолу.
Густи облаци од пепел и чад се дигнаа кон небото по најновата ерупција.
Од безбедносни причини, секое приближување и активност во радиус од 3 километри од местото на ерупцијата се строго забранети.
Официјалните претставници објавија дека Марапи има регистрирано повеќе од 450 ерупции од неговата првична експлозија на 3 декември 2023 година.
Вулканот Марапи, инаку активен вулкан, првпат еруптираше во декември 2023 година, а потоа повторно во јануари, мај и јуни 2024 година.
Марапи е висок 2.891 метар и се наоѓа на островот Суматра, каде што властите долго време им забрануваа на жителите и туристите да пешачат во радиус од 3 километри од неговиот кратер.