Haydar Hadi
11 Јануари 2016•Ажурирај: 12 Јануари 2016
ДИЈАЛА (АА) - Во експлозија која се случи во градот Дијала, во источниот дел на Ирак, загинаа пет а повредени се осум лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што изјави за АА портпаролот на локалната полиција, Гатиб Алије, до експлозијата дошло откако на пазарот во Нова Бакуба во Дијала, активирана е експлозивна направа поставена на возило.
Повредените се пренесени во локалната болнца, а за целиот случај е покрената истрага.