Haydar Hadi
02 Мај 2017•Ажурирај: 02 Мај 2017
БАГДАД (АА) - Во текот на месецот април во насилните настани во Ирак загинале 317 лица, додека 403 лица се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според објавениот извештај на Мисијата на Обединетите нации (ОН) во Ирак, 317 лица загинале, а 403 лица се повредени минатиот месец во терористичките напади како и во вооружените судири во Ирак.
Во извештајот се наведува дека во градот Мосул која е најмногу погоден од насилните настани загинале 153 лица, додека 123 се ранети. Во главниот град на Ирак, Багдад 55 лица загинале, а 179 се ранети.
Исто така, според овој извештај, во покраината Саладин во текот на минатиот месец загинале 15 лица, а 43 се ранети, додека во Енбар животот го загубиле 39 лица, а 35 се ранети.
Во извештајот се наведени зборовите на шефот на мисијата на ОН во Ирак, Јан Кубиш, кој вели: „Особено поради настанатите судири во Мосул цивилите плаќаат голема цена. Безбедносните сили водат тешка улична војна во Мосул со остатоците од терористичката организација ДЕАШ.
Терористите на ДЕАШ вршеа напади со возила-бомби во населбата Мосул, а тие кои бегаа од местото на судирот ги напаѓаа цивилите. Злосторствата на ДЕАШ не останаа само во границите на конфликтните региони. Тие извршија напади и во ослободените области.“
„ДЕАШ во април употребуваше бомбаши-самоубијци во сунитските населби во центарот на Тикрит“, вели Кубиш, и потсети дека терористичката организација во почетокот на април употребувајќи го истиот метод извршила напад во областа Карада во Багдад.
Во ивештајот објавен во март од Мисијата на ОН во Ирак се наведува дека 548 лица загинале во насилните настани во земјата, додека 567 лица се ранети.