Haydar Karaalp
06 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
БАГДАД (АА) - Ирачката Влада соопшти дека е подготвен механизам за протерување на американските сили од земјата, јавува Агенција Анадолија (AA).
„Подготвивме механизам и план потребни за истерување на американските трупи од Ирак“, соопшти Абдулкарим Халаф, воен портпарол на премиерот Адел Абдулмехди, кој не ги откри деталите во врска со механизмот.
Халаф се осврна и на присуството на коалицијата против терористичката организација ДЕАШ во Ирак, за што рече дека споменатите сили во земјата ќе можат да останат единствено за обезбедување обука и совети на ирачките војници.
„Владата го ограничи подрачјето на дејствување на коалициските сили. Во моментот не им е дозволено никакво дејствување“, рече Халаф.
Се осврна и на убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани и на заменик-челникот на силите „Хашди ал Шаби“, Абу Мехди ал Мухандис.
„Она што е направено е непожелна глупост. Сулејмани беше наш гостин и не смееше да биде цел“, рече Халаф.
Ги коментираше и наводите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување санкции за Ирак.
„Неговите закани за санкции не се правилен став. Ирачката Влада ќе ја продолжи економската соработка со САД“, рече Халаф.