Mustafa Melih Ahıshalı
01 Октомври 2019•Ажурирај: 03 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Портпаролот на иранското судство, Гулам Хусеин Исмаили, истакна дека едно лице е осудено на смртна казна под обвинение дека соработувало со Централната разузнавачка агенција на Соединетите Американски Држави (CIA), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според новинската агенција „Фарс“, на прес-конференција одржана во главниот град Техеран, Исмаили истакна: „Едно лице, кое шпионирало за САД, е осудено на смртна казна.“
Тој не го откри името на лицето осудено на смрт и додаде дека по барање на обвинетиот решението е испратено до Апелациониот суд.
- По 10 години затвор за 3 лица кои соработувале со САД и Велика Британија -
Од друга страна, портпаролот на иранското судство соопшти и дека лицата Али Нефрије и Мухамед Бабапур, кои шпионирале во корист на Соединетите Американски Држави (САД), и Емир Несеб, кој шпионирал во корист на Велика Британија, се осудени на казна затвор од 10 години.
„Али Нефрије и Мухамед Бабапур, обвинети за шпионажа во корист на ЦИА, осудени се на казна затвор од 10 години и казнети со по 55 000 долари“, рече Исмаили.
Портпаролот на иранското судство, Исмаили, исто така рече дека и Емир Несеб, кој е обвинет за шпионажа за Велика Британија, е осуден на 10 години затвор.
Исмаили, во изјава во јуни истакна дека како резултат на операциите на разузнавачките служби сузбиена е мрежа во воените и нуклеарните институции на земјата, која работела за ЦИА.